Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатите 6 месеци одржавме над 50 онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како: Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley…
Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека образованието е премногу важно за да биде запоставувано! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат во училница и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.
Затоа решивме оваа обука да ви ја понудиме во две можни изданија: во голема конференциска сала со само 15 учесници ИЛИ онлајн со сите можности за интеракција, а вие може да изберете која опција повеќе Ви одговара:
ОБУКА ВО КОНФЕРЕНЦИСКА САЛА
15 декември
9-16:00 часот
Локација: Хотел Холидеј Ин Скопје
* само 15 учесници
* гарантиран Протокол за безбедност
ONLINE ОБУКА
16 декември
9-16:00 часот
* се добива истиот Сертификат
* се работат истите вежби и прашања со тренерот
Новите околности бараат нови решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција или да остварат индивидуални резултати со примена на неколку едноставни техники.
Унапредување на резултатите во услови на криза е возможна!
Над 3000+ учесници на вебинарите на Smart Events International од Европа, Канада и САД во изминативе месеци го докажаа тоа.
Одвојте од Вашето време и украдете идеја за како брзо да се справите со предизвиците во продажбата кои ги наметна кризата.
Со новонастанатата состојба телефонската продажба стана една од најважните алатки на секој бизнис. Кој и да е најпрактичниот модел на Вашата продажба сепак телефонот е најмоќната алатка која ќе ја затвори продажбата.
Преку оваа тренинг програма ќе стекнете вештини кои ќе ви помогнат да ја унапредите телефонската комуникација, да ја зголемите продажбата преку изнаоѓање на нови клиенти успешно користејќи Cold Calling, како да услужите голем број на клиенти и да ја стекнете нивната доверба и лојалност. Решете ги типичните и предизвикувачки приговори што можат да ја попречат успешната можност за продажба.
Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:
- Вработени во продажба
- Вработени во Телемаркетинг
- Business development менаџери
- Вработени во контакт центри
- Front office менаџери
- Customer service
На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:
- Комуникација – основа на продажниот циклус
- Употребата на нови средства за комуникација (видео повик, chat, …) – Дали и кога?
- Телефонската продажба како модел – Зошто ни е потребна
- Продажниот модел пред и по Covid-19 кризата
- Активно слушање – при телефонски контакт/продажба
- Емоциите при телефонски контакт/продажба
- Карактеристики и фази на продажен процес
- Prospecting / Cold Calling
- Техники за надминување на бариери, отпори и одбивања
- Справување со отпори, бариери, пречки, изговори
- „Не сум заинтересиран.“
- „Зафатен сум.“
- „Веќе користам….“
- „Сакам да размислам.“
- „Ќе ви се јавам и ќе ве информирам (за одлуката).“
- „Скапо е…“
- „Не сега….“
- „Треба да се консултирам со …“
- „Конкуренцијата нуди подобри услови…“
- Процес на Telesales до Затворање
- Техники за затворање на продажбата преку телефон
- Процес на Telesales до Затворање
- Техники за затворање на продажбата преку телефон
Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе посетиле наши обуки:
Здравје Радово, Алкалоид АД, Гемак, Еуротабак, Еуролинк, Сава осигурување, Макпетрол, АВТ Интернационал, Кола, Пелистерка, Агрома, ТАВ Македонија, Стопанска Банка, Тутунска Банка, Капитал банка, Алфа банка, Халк банка, ТТК банка, Шпаркасе банка, Алкалоид Конс, Неотел, Брако, Триглав, Кроација Осигурување, Варус, Тиккурила, ПикКо, Интек систем, Кватро, Лион, Секјуриком сервис, Бима Логистика, Даталаб мк, Монтенегро, АЕК, Паком, Дуропацк, Актифф, Зегин, Македонијалек, Крка- фарма, Мотоцентар, ТДА трејд, Алумил, Млин Аргулица, Идеал Санитарија, Хауз Мајстор плус, Санмарти, ЕВН Македонија, Биотек, Би-мек, Никоб и стотици мали претприемнички компании.
Митко Керамитчиев
Митко Керамитчиев е еден од најпознатите консултанти, бизнис говорници и автори, експерт во областите на продажба и менаџирање на тимови.Зад себе има 20 години работно искуство на раководни позиции (Wrigley, Allied Domecq Agencies, АВТ Интернационал, Еин-соф и Алма–М). Своето практично искуство го пренел преку специјализирани консалтинг и тренинг програми за познати компании: ВИП Оператор, Македонски Телеком, Т-Mobile, НЛБ Тутунска банка, Краш, Прилепска пиварница, Еуротабак, Охридска банка, ТТК Банка, Микрософт, Империјал Тобако, Стопанска Банка, Glaxo Smith Kline, Македонијалек и многу други.
ПРОТОКОЛ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО
Како и секогаш, безбедноста на сите учесници на обуки и членови на тимот на Smart Events International за сите обуки одржани било каде во Европа, САД или Канада ни е најважна!
Со цел сите присутни да се чувствуваат комотно и безбедно, на сите наши обуки се обврзуваме да ги спроведеме следните практики:
Обуките се со максимум 15 присутни лица во големи конференциски сали.
Секој учесник е сместен сам на маса, а меѓу учесниците има простор од минимум 2 метри.
За секој учесник е обезбедена бесплатна маска и средства за дезинфекција од организаторот.
Обуките се изведуваат само во престижни и сериозни хотели кои работат согласно протоколите утврдени од надлежните.
Сите паузи се одржуваат во надворешен дел (тераса и слично) каде има доволно простор за одржување социјална дистанца.
Оброците и пијалоците се служат спакувани.
Доколку некој од учесниците не се чувствува добро утрото пред обуката се откажува неготото присуство.
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА
Датум на одржување: вторник, 15 декември 2020, 09:00 -16:00 часот
Локација: Холидеј Ин Скопје
Оnline обука: среда, 16 декември 2020 од 09:00 -16:00 часот
Тренер: Митко Керамитчиев
(Најдокажаниот македонски тренер со реализирани над 600 успешни тренинзи за најуспешните македонски компании, поранешен менаџер во повеќе компании и автор на бизнис литература)
Цена: 7.790 ден. + ддв. АКЦИЈА 1+1
(за 1 платена котизација добивате 2)
Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.
За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 078 262 192 или [email protected]





