Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатите 6 месеци одржавме над 50 онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како: Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley…
Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека образованието е премногу важно за да биде запоставувано! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат во училница и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.
Затоа решивме оваа обука да ви ја понудиме во две можни изданија: во голема конференциска сала со само 15 учесници ИЛИ онлајн со сите можности за интеракција, а вие може да изберете која опција повеќе Ви одговара:
ОБУКА ВО КОНФЕРЕНЦИСКА САЛА
18 ноември
9-16:00 часот
Локација: Хотел Холидеј Ин Скопје
* само 15 учесници
* гарантиран Протокол за безбедност
ONLINE ОБУКА
20 ноември
9-16:00 часот
* се добива истиот Сертификат
* се работат истите вежби и прашања со тренерот
Новите околности бараат нови решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција или да остварат индивидуални резултати со примена на неколку едноставни техники.
Унапредување на резултатите во услови на криза е возможна!
Над 3000+ учесници на вебинарите на Smart Events International од Европа, Канада и САД во изминативе месеци го докажаа тоа.
Одвојте од Вашето време и украдете идеја за како брзо да се справите со предизвиците во продажбата кои ги наметна кризата.
Преговарањето кај современите бизниси е непрекинат процес кој се одвива на сите нивоа, и затоа од спремноста и обученоста на сите вработени кои учествуваат во овие процеси зависи успехот на целата компанија.
На овој тренинг ќе стекнете напредни продажни и преговарачки вештини преку конкретни насоки за водење на ефективни преговори, надградување на знаењата со тактики кои го олеснуваат процесот на преговарање, начини на зголемување на бројот на нови клиенти, зацврстување на довербата на постоечките клиенти преку градење цврсти и стабилни односи, како и алатки за надминување на пречките и проблемите во продажниот процес дури и во време на криза.
Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:
- Директори на продажба,
- Менаџери на продажба
- Key Account менаџери
- Менаџери за набавка (трговија)
- Сите вработени кои на било кој начин се вклучени во процесот на преговарање
- Талентирани и перспективни менаџери на кои компанијата долгорочно смета
Доброто преговарање е клуч на успехот во ситуации каде пазарот е преплавен од разни производи и “непристојни” понуди кои доаѓаат од страна на конкуренцијата. Долгорочните односи со клиентите зависат од продажните и преговарачките вештини. Исто така, предизвикот за придобивање на нови клиенти во голема мера зависи од добро подготвениот и воден процес на преговарање. Во преговарачкиот процес буквално сé е важно. Добрата подготовка е половина завршена работа. Потребните насоки, тактики, алатки за постигнување на максимум од секој продажен и преговарачки процес ќе ги добиете на овој тренинг кој е од непроценлива вредност на секоја компанија.
На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:
- Кој е профилот на успешен продажен агент/преговарач
- Како да се справиме со предизвиците пред современата продажба во услови на криза
- Што продаваме? Како продаваме?
- Ефективна продажно-преговарачка комуникација
- Rapport – алатка без која не се може
- Моќта на прашалните техники и како ефиксно да ги искористиме
- Од Продажба кон Account Management
- Специфичната тежина на фазите во продажбата
- Од анализа на потребите до структурирана презентација
- Справување со клиентските отпори
- Како да се надмине пречката „Криза е…“
- Преговарање – реален случај
- Согледувања: добри и погрешни (ре)акции
- Од што зависи резултатот во преговарањето?
- Заблудата на компромисот
- Варијаблите – суштината на преговарањето
- Како да се избегне преговарачка „грешка во чекори“?
- Асертивно преговарање
Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе посетиле наши обуки:
Здравје Радово, Алкалоид АД, Гемак, Еуротабак, Еуролинк, Сава осигурување, Макпетрол, АВТ Интернационал, Кола, Пелистерка, Агрома, ТАВ Македонија, Стопанска Банка, Тутунска Банка, Капитал банка, Алфа банка, Халк банка, ТТК банка, Шпаркасе банка, Алкалоид Конс, Неотел, Брако, Триглав, Кроација Осигурување, Варус, Тиккурила, ПикКо, Интек систем, Кватро, Лион, Секјуриком сервис, Бима Логистика, Даталаб мк, Монтенегро, АЕК, Паком, Дуропацк, Актифф, Зегин, Македонијалек, Крка- фарма, Мотоцентар, ТДА трејд, Алумил, Млин Аргулица, Идеал Санитарија, Хауз Мајстор плус, Санмарти, ЕВН Македонија, Биотек, Би-мек, Никоб и стотици мали претприемнички компании.
Митко Керамитчиев
Митко Керамитчиев е еден од најпознатите консултанти, бизнис говорници и автори, експерт во областите на продажба и менаџирање на тимови.Зад себе има 20 години работно искуство на раководни позиции (Wrigley, Allied Domecq Agencies, АВТ Интернационал, Еин-соф и Алма–М). Своето практично искуство го пренел преку специјализирани консалтинг и тренинг програми за познати компании: ВИП Оператор, Македонски Телеком, Т-Mobile, НЛБ Тутунска банка, Краш, Прилепска пиварница, Еуротабак, Охридска банка, ТТК Банка, Микрософт, Империјал Тобако, Стопанска Банка, Glaxo Smith Kline, Македонијалек и многу други.
ПРОТОКОЛ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО
Како и секогаш, безбедноста на сите учесници на обуки и членови на тимот на Smart Events International за сите обуки одржани било каде во Европа, САД или Канада ни е најважна!
Со цел сите присутни да се чувствуваат комотно и безбедно, на сите наши обуки се обврзуваме да ги спроведеме следните практики:
Обуките се со максимум 15 присутни лица во големи конференциски сали.
Секој учесник е сместен сам на маса, а меѓу учесниците има простор од минимум 2 метри.
За секој учесник е обезбедена бесплатна маска и средства за дезинфекција од организаторот.
Обуките се изведуваат само во престижни и сериозни хотели кои работат согласно протоколите утврдени од надлежните.
Сите паузи се одржуваат во надворешен дел (тераса и слично) каде има доволно простор за одржување социјална дистанца.
Оброците и пијалоците се служат спакувани.
Доколку некој од учесниците не се чувствува добро утрото пред обуката се откажува неготото присуство.
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА
Датум на одржување: среда, 18 ноември2020, 09:00 -16:00 часот
Локација: Холидеј Ин Скопје
Оnline обука: петок, 20 ноември 2020 од 09:00 -16:00 часот
Тренер: Митко Керамитчиев
(Најдокажаниот македонски тренер со реализирани над 600 успешни тренинзи за најуспешните македонски компании, поранешен менаџер во повеќе компании и автор на бизнис литература)
Цена: 7.790 ден. + ддв. АКЦИЈА 1+1
(за 1 платена котизација добивате 2)
Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.
За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 078 262 192 или [email protected]





