Практична онлајн бизнис обука

ЕФИКАСЕН МЕРЧЕНДАЈЗИНГ

Креативна алатка за зголемување на продажбата

со еден од водечките балкански тренери –  Ана Брајковиќ

Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатата година одржавме преку  стотина онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како:  Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley

Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека континуираното усовршување е премногу важно за да биде запоставувано! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат на специјализирани тренинзи и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.

ОНЛАЈН ОБУКА

17 декември 2021
9-16:00 часот

* Добивате Сертификат
* Добивате електронска презентација од обуката

АКЦИЈА 1+1 ЗА САМО 7,990 ДЕН. + ДДВ

Новите околности бараат нови решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција или да остварат индивидуални резултати со примена на неколку едноставни техники.

Унапредување на резултатите во услови на криза е возможна!

Над 5000+ учесници на вебинарите на Smart Events International од Европа, Канада и САД во изминативе месеци го докажаа тоа.

Одвојте од Вашето време и “украдете” идеја за како брзо да се справите со предизвиците во визуелната комуникација на Вашите производи која директно ќе ви помогне да ја зголемите продажбата

.

Дали Вашиот производ е доволно видлив во малопродажниот објект?

Дали неговата видливост е доволна да го „потсети“ и поттикне купувачот да го купи?

Мерчендајзингот претставува визуелна комуникација помеѓу производите и купувачите, која има за цел да им го поедностави изборот и да предизвика импулсивно купување.

Цената и перцепцијата за квалитет и имиџот на брендот се главни двигатели на продажбата, но многу често при купување влијаат и позиционираноста на брендот, поставеноста на промотивните материјали, дополнителни полици кои ги следат очите на купувачот и траекторијата по која се движи, промотивните акции, комбо пакети, промоции со лојални картички, сетови со додадена вредност и многу други алатки кои помогнаат да се унапреди продажбата на дадени производи.

Оваа обука ќе ви помогне да ги позиционирате вашите производи во малопродажните места на начин кој ќе ги мотивира купувачите да го купат вашиот производ. Ќе ја разберете психологијата на купувачот со цел да се оствари правилна визуелна комуникација со производот која ќе поттикне импулсивно купување.

Дознајте кои се најдобрите позиции и како да се изборите за истите, како да создадете импулсни зони и да го воодушевите купувачот. Дознајте кои се најновите и најкреативни начини  за прикажување на вашите производи и обезбедете сигурен и постојан раст на продажбата а Вашиот бренд ќе биде квалитетно и професионално репрезентиран на местото за продажба.

Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:

  • Раководители и менаџери на продажба
  • Раководители и менаџери на маркетинг, бренд маркетинг и трејд маркетинг

  • Раководители и менаџери на малопродажни објекти

  • Комерцијалисти, супервајзори и мерчендајзери

На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:

  • Што претставува мерчендајзингот во модерно време?
  • Основи и правила на мерчендајзингот

  • Како можеме да ги заобиколиме правилата и со тоа да ги воодушевиме купувачите?

  • Што сè влијае на купувачот во продажниот објект?

  • Како да се изборите за најдобрата позиција ако сте малопродажен ланец или ако сте добавувач? Дали таа позиција на полицата е иста?

  • Како купувачот одлучува што да купи и што може да предизвика промена на мислење на лице место?

  • Како да се одредат најдобрите позиции во просторот и оптимално да искористи просторот на продажното место?

  • Како да се распоредат позициите во продажните објект за да се максимизира профитот?

  • Како да се распоредат категориите во просторот?

  • Како да се распоредат производите на полицата што би допринело до максимален промет и профит?

  • Логистички процес како дел од мерчендајзингот – на што да се води сметка

  • Зошто е важно добавувачот да се грижи за своите полици и производи во продажниот објект?

  • Како да се создадат дополнителни позиции и кои се позиции можат да бидат дополнителни

  • Cross selling

  • Позиционирање на производите во импулсна зона и како да се создадат дополнителни импулсни зони

  • Светски иновативни решенија – како да ги примениме и да креираме успешна продажна приказна кај нас

Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:

Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.

Ана Брајковиќ

Ана Брајковиќ е еден од водечките балкански тренери за развој на вработени и нивните вештини, човечки ресурси и продажба. Има преку 10 годишно искуство во Тисак и Агрокор како директор на одделот за развој и едукација. Денес е извршен директор на консултанска компанија каде посебно го води специјализираниот оддел за развој и едукација. Има одржано преку 3000 обуки и семинари на тема продажба и малопродажба, комуникациски и презентациски вештини, човечки ресурси и сл. Воедно е и редовен дописник за истите теми во „Пословни дописник“ и „Слободна Далмација“. Досегашната кариера во продажба и човечки ресурси ја надополнува со низа усовршувања како што е IEDC Bled School of Management, магистер на Leeds Metropolitan University, магистер на Економскиот факултет во Загреб. Благодарение на нејзините консултански услуги и обуки имаме успешни приказни на Министерство за море, транспорт и инфраструктура, ХЕП Топлинарство, British American Tobacco, Erste&Steiermarkische bank, Хрватска лотарија, Хрватска народна банка, Peek and Cloppenburg, Ронис, Semmelrock Stein+Design, Ланец на маркети Студенац, The Westin Zagreb, Јуск Хрватска, Хрватски завод за транфузиона медицина, Јоса Недвижности, Центар за технолошки иновации Мешимурје и многу други

ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА

Датум на одржување: петок, 17 декември 2021

Време: 09:00 -16:00 часот

Тренер: Ана Брајковиќ

Обуката се изведува онлајн на хрватски јазик

 Цена: 7.990 ДЕН. + ДДВ

Искористете ја Акцијата 1+1 гратис

Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.

За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 071 227 075 или [email protected]

На наште настани имаат учествувано некои од најуспешните компании од Европа, САД и Канада

Пријавете се