Дводневна практична бизнис обука
„ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ“
со еден од најдокажаните балкански консултанти и тренери Ана Брајковиќ
Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатата година одржавме преку стотина онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како: Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley…
Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека континуираното усовршување е премногу важно за да биде запоставувано! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат на специјализирани тренинзи и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.
Затоа решивме оваа обука да ви ја понудиме онлајн со сите можности за интеракција.
Технолошкиот напредок, глобализацијата и многу други фактори наметнува поголемиот дел од компаниите да го извршуваат работењето преку проекти со тимови.
Проектите се придвижувачи на сите големи промени во денешнината, а управувањето со проекти је клучна вештина за остварување на добри бизнис резултати. Секој проект е ограничен со финансиски средства, временски период и дефинирани крајни цели, а успехот на самиот проект зависи од знаењето и искуството на водителот на проектот и проектниот тим. Грешките во управување со проекти резултира со големи губитоци па од голема важност е да се совладаат сите битни елементи на проектниот менаџмент.
Управувањето со проектите бара познавање и искуство во организациски, правни, технички и други аспекти на самиот проект.
Оваа обука ќе ви помогне како да заштедите време и пари но и да ги елиминират можните многубројни грешки на самиот почеток на проектот. Ќе се запознаете со процесот на осмислување, дефинирање, планирање, контрола на реализација, процена на ризик и мерење на успешноста на реализираниот проект.
На интерактивен начин во комуникација со тренерот ќе научите како да оформите проектен тим, кои меѓународни стандарди се користат во управување со проектите, како да управувате со трошоците, промените и ризиците кои ги носи проектот.
Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:
- Водители на проекти, проект менаџери и членови на проектен тим
- Сите оние кои се дирекно или индирекно вклучени во проекти
- Сопственици и директори на мали и средни компании
- Деловни советници
- И сите оние кои се заинтересирани за процесот на управување со проекти
На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:
- Успешен наспрема неуспешен проект
- Мотодологија и корист од воведување на методологија за водење на проекти
- Улоги во проектот: водител на проектот наспрема менаџер
- Интерни и екстерни процеси на интеракција на проектот
- Предпроектна фаза
- Методи за селекција на проектот
- Анализа на исплатливост на проектот
- Најважни фактори за успех на почеток на проектот
- Планирање на проектот: активности, рокови, трошоци
- Расчленување на работните обврски – WBS
- Употреба на Gantt графикони и критична патека
- Распоред на ресурси и одредување на трошоци
- Буџетирање на проектот
- Креирање на план за управување на проектот
- Алати и техники за управување со рокови и трошоци
- Пратење на трошоците и роковите и справување со каснење на истите
- Управување со внатрешни промени на проектот
- Составување на проектен тим
- Мотивација и наградување
- Решавање на конфликти и проблеми
- Комуникација на проектот
- Управување со времето за водење на проектот
- Управување со проектни ризици
- Затварање на проектот
Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:
Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.
Ана Брајковиќ
Ана Брајковиќ е еден од водечките балкански тренери за развој на вработени и нивните вештини, човечки ресурси и продажба. Има преку 10 годишно искуство во Тисак и Агрокор како директор на одделот за развој и едукација. Денес е извршен директор на консултанска компанија каде посебно го води специјализираниот оддел за развој и едукација. Има одржано преку 3000 обуки и семинари на тема продажба и малопродажба, комуникациски и презентациски вештини, човечки ресурси и сл. Воедно е и редовен дописник за истите теми во „Пословни дописник“ и „Слободна Далмација“. Досегашната кариера во продажба и човечки ресурси ја надополнува со низа усовршувања како што е IEDC Bled School of Management, магистер на Leeds Metropolitan University, магистер на Економскиот факултет во Загреб. Благодарение на нејзините консултански услуги и обуки имаме успешни приказни на Министерство за море, транспорт и инфраструктура, ХЕП Топлинарство, British American Tobacco, Erste&Steiermarkische bank, Хрватска лотарија, Хрватска народна банка, Peek and Cloppenburg, Ронис, Semmelrock Stein+Design, Ланец на маркети Студенац, The Westin Zagreb, Јуск Хрватска, Хрватски завод за транфузиона медицина, Јоса Недвижности, Центар за технолошки иновации Мешимурје и многу други
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА
Датум на одржување: 24 и 25 ноември 2022
Време: 09:00 -16:00 часот
Тренер: Ана Брајковиќ
Обуката се изведува онлајн на хрватски јазик
Цена: 8.990 ДЕН. + ДДВ
Искористете ја Акцијата 1+1 гратис
Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.
За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 071 227 075 или [email protected]




