• Проактивно управување со побарувања

Еднодневна напредна практична онлајн бизнис обука

ПРОАКТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ПОБАРУВАЊА

со еден од најдокажаните консултанти и тренери на Балканот –  Љубомир Јовановиќ

Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатата година одржавме стотина онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како:  Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley…

Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека образованието е премногу важно за да биде запоставувано! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат во училница и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.

Затоа решивме оваа обука да ви ја понудиме онлајн со сите можности за интеракција.

2 ноември 2022
9-13:00 часот

* Добивате Сертификат
* Интерактивни вежби и прашања со тренерот

АКЦИЈА 1+1 ЗА САМО 8,990 ДЕН. + ДДВ

Унапредување на резултатите во услови на криза е возможна!

Над 3000+ учесници на вебинарите на Smart Events International од Европа, Канада и САД во изминативе месеци го докажаа тоа.

Одвојте од Вашето време и „украдете“ идеја за како брзо да се справите со предизвиците во управување со побарувањата.

Новите околности бараат нови ефикасни решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција и да остварат подобри резултати што би го достигнале со оптимизација на работењето и носење на паметни одлуки.

Осигурување на ликвидност во компаниите стана еден од најважните а понекогаш и најсложени секојдневни задачи на менаџментот. Тука големо влијание има управување со побарувањата од купувачите.

Тешко е да се осигура финансиската стабилност на работење без адекватно управување со побарувањата како дел од целокупното финансиско управување.

Побарувањата се составен дел од имотот на секоја компанија и истите  настануваат како последица на бројни фактори, но секако најзначајна е нашата одлука да ги продадеме нашаите производи или услуги со доверба дека истата ќе ни биде исплатена во некој иден временски период.

Оваа проблематика наметнува низа прашања:

  • Зошто секоја компанија во периодот на раст забележува побарување?
  • Како треба да се однесуваме со нашите побарувања?
  • Како се однесуваме со нашиот имот?
  • Како треба да се однесуваме со нашите купувачи? Дали сите купувачи се исти?
  • Колку време трошиме на нив?
  • Дали со побарувањата „управуваме“ по истекот на периодот за плаќање или сме проактивни?
  • Како да ги измериме попустите за авансна уплата и како да знаеме кому да ги одобриме?

Целта на оваа обука е воспоставување на проактивен и мерлив пристап на побарувањата како еден од најзначајните облици на имот на секоја компанија и исплатливост на вложувањата во купувачите, т.е. во побарувањата од купувачите. Со добро планирање и управување со побарувањата осигурувате стабилни финансиски текови и ликвидност за редовно работење и инвестициски вложувања на компанијата.

Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:

  • Сопственици на бизниси
  • Раководители и менаџери кои носат стратешки одлуки во компанијата
  • Финансиски директори и менаџери
  • Финансиски контролори, планери и аналитичари
  • Менаџери, раководители и аналитичари на продажба
  • Сите оние кои управуваат со побарувањата (финансии, продажба, набавка…)

На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:

  • Побарувањата како облик на имот на компанијата
  • Влијанието на побарувањата на ликвидноста, успешност во работењето и финансиското здравје на компанијата
  • Врската помеѓу побарувањата и временските вредности на парите
  • Влијанието на наплатата на побарувања на оперативниот циклус на готовината и рентабилноста на работењето
  • Пресметка и толкување на показателите на наплата на побарувањата
  • Проактивно управување со побарувањата
  • Како да ги класифицираме нашите купувачи, категоризација на купувачите, критериуми за оценување на купувачите
  • Дефинирање на политика за наплата на побарувања
  • Управување со побарувањата
  • Факторинг – кога, зошто, колку чини?
  • Анализа на исплатливост на ублажување на кредитните услови – влијание на промена на кредитниот период, период на попуст и попуст за плаќање во готово

Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:

Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.

Љубомир Јовановиќ

Љубомир Јовановиќ е еден од најпознатите балкански консултанти и бизнис говорници, експерт во областите на финансии и контролиг. Своето искуство го има стекнато како консултат на проекти за организациони трансформации, финансиски анализи на работење и воспоставување на системи за мерење и известување, дијагноза на финансиска и организациска состојба, финансиска анализа на работење, организациско реконструирање, воспоставување на систем на контролинг, воведување на систем на надградување, изработна на бизнис планови во компании од различни големини и дејности на светско ниво и како предавач на повеќе од 500 обуки и семинари.  Неговите консултански услуги се дел од успешната приказна на Атлантиг Груп – Белград, Апатинска Пивара, Карлсберг, Добро јутро – Ужице, Дунав Осигурање – Белград, Фриком, Фрувита, Газпром – Нови сад, Хемел, Хемофарм, Фарманова, Телеком Републике Српске, Јамница – Загреб, Конзум Загреб, ПИК Врбовец, Мелмакс, Зегин, Кит-Го, Атлантик Груп Скопје и многу други.

ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА

Датум на одржување: среда, 2 ноември 2022

Време: 09:00 -13:00 часот

Тренер: Љубомир Јовановиќ

Обуката се изведува онлајн на српски јазик

 АКЦИЈА 1+1 ЗА САМО 8,990 ДЕН. + ДДВ

Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.

За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 071 227 075 или [email protected]

На наште настани имаат учествувано некои од најуспешните компании од Европа, САД и Канада

Пријавете се