Доколку сте професионалец кој менаџира или учествува во раководење, планирање и контролирање на производството, набавките, трошоците и останатите предизвици со кои се справува секоја производствена компанија – ова обука е за вас!

Оваа практична напредна обука, со реални примери од вистински компании ќе ви посочи нови техники за како ефикасно, навремено и финансиски исплатливо да го планирате, менаџирате и контролирате производствениот процес.

Smart Events International – водечки провајдер на професионални обуки во Европа, САД и Канада, заедно со

Љубомир Јовановиќ – водечки регионален експерт за контролинг, финансиско планирање и менаџмент, кој помогнал на стотици домашни и странски компании да ги оптимизират своите процеси

Ви ја претставуваат напредната практична обука

КОНТРОЛИНГ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО

Во 2024 година, малите и средните компании кои користат контролинг на производство ефективно се натпреваруваат со поголемите компании, а светките пазари се отворени за сите домашни компании кои се спремни да имплементираат организиран производствен процес.

Контролингот во произвоството стана неопходен – во време кога цените на набавките растат, а од ефикасноста на испорака и умешноста на планирање зависи целата профитабилност на компанијата и успехот на нашите работни места!

Само неколку практични експертски совети може да променат се’! Откријте ги малите тајни на најуспешните производители!

  • НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И КОНТРОЛА НА ПРОИЗВОДСТВО

  • ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ОД УСПЕШНИ БИЗНИС ПРИКАЗНИ

  • ВОДЕЧКИ СВЕТСКИ ТРЕНИНГ ПРОВАЈДЕР

  • ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ДОКАЖАН ТРЕНЕР

  • 1-ДНЕВНА СЕРТИФИЦИРАНА ОБУКА

  • КАКО ДО ПРОФИТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО

  • ИНТЕЛИГЕНТНИ НАСОКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ ТРОШОЦИ

  • АКЦИСКА ЦЕНА НА КОТИЗАЦИЈА

Направете нешто за себе, својот успех и својата кариера – пријавете се за оваа обука! Еден ден може да замени години искуство и учење од сопствени грешки.

  • 28 октомври 2025

  • 9:00 ~ 16:00

  • Park Hotel & Spa

Котизација: 10.900 ден.

+ДДВ 18%

АКЦИЈА 2 + 1

За две резервирани котизации една гратис

Во котизацијата е вклучено:

Учество

Работни материјали

Сертификат

Ручек и освежување

Теми кои ќе бидат обработени на обуката:

  • Финански извештаи и специфичности на производствените компании
  • Недостатоци на официјалните извештаи на производствените компании
  • Финансиско наспрема управувачко сметководство на производствените компании
  • Case study – специфичности на контролингот во производствените компании
  • Извори на информации и појдовни точки за мерење на резултатите во производствените компании
  • Организациска шема и центри на трошоци
  • Процес на производство – места и носители на трошоци
  • Дирекни и индиректни трошоци
  • Распределба на индиректните трошоци на носителите на трошоци
  • Период и трошоци на производот
  • Case Study – Вистинската примена на временските разгранучувања во пресметката на производство, цена на чинење и залихи на производот
  • Фиксни и Варијабилни трошоци – праг на рентабилност
  • Пресметка на цена на чинење
  • Показатели за успешност на производството
  • Показатели за успешност на компанијата
  • Case Study – следење на резултати на месечно ниво, одлуки и последици
  • Планирање на производство
  • Промени во структурата на асортиманот

Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:

  • Раководители, менаџери и контролори вработени во производствени компании
  • Одговорни за планирање, надзор и контолинг на производство
  • Финансиски директори и менаџери во производствени компании
  • Финансиски контролори, планери и аналитичари во производствени компании
  • Одговорни на сектори индиректно поврзани со производство: набавки, финансии, продажба

Зошто секој менаџер од производствена компанија треба да се обучи на тема КОНТРОЛИНГ ВО ПРОИЗВОДСТВО?

Важност за импламентација на контролинг во производство:

  • Контролингот го оптимизира планирањето на производството
  • Ја зголемува ефикасноста на производството
  • Го подобрува управувањето со синџирот на снабдување
  • Олеснува точно прогнозирање на побарувачката
  • Обезбедува стандарден  квалитет на производот
  • Одржува распоред за испорака
  • Ги намалува трошоците за производство

Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:

Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.

Љубомир Јовановиќ

Љубомир Јовановиќ е еден од најпознатите балкански консултанти и бизнис говорници, експерт во областите на финансии и контролиг. Своето искуство го има стекнато како консултат на проекти за организациони трансформации, финансиски анализи на работење и воспоставување на системи за мерење и известување, дијагноза на финансиска и организациска состојба, финансиска анализа на работење, организациско реконструирање, воспоставување на систем на контролинг, воведување на систем на надградување, изработна на бизнис планови во компании од различни големини и дејности на светско ниво и како предавач на повеќе од 500 обуки и семинари.  Неговите консултански услуги се дел од успешната приказна на Атлантиг Груп – Белград, Апатинска Пивара, Карлсберг, Добро јутро – Ужице, Дунав Осигурање – Белград, Фриком, Фрувита, Газпром – Нови сад, Хемел, Хемофарм, Фарманова, Телеком Републике Српске, Јамница – Загреб, Конзум Загреб, ПИК Врбовец, Мелмакс, Зегин, Кит-Го, Атлантик Груп Скопје и многу други.

На наште настани имаат учествувано некои од најуспешните компании од Европа, САД и Канада

Пријавете се