Дводневна напредна онлајн бизнис обука

АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

со еден од најдокажаните консултанти и тренери на Балканот –  Љубомир Јовановиќ

Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатата година одржавме стотина онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како:  Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley

Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека образованието е премногу важно за да биде запоставувано! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат во училница и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.

Затоа решивме оваа обука да ви ја понудиме онлајн со сите можности за интеракција.

11 и 12 јули 2023
9-13:00 часот

* Добивате Сертификат
* Интерактивни вежби и прашања со тренерот

  АКЦИЈА 1+1 ЗА САМО: 9.490 ДЕН. + ДДВ

Унапредување на резултатите во услови на криза е возможна!

Над 3000+ учесници на вебинарите на Smart Events International од Европа, Канада и САД во изминативе месеци го докажаа тоа.

Одвојте од Вашето време и “украдете” идеја за како брзо да се справите со предизвиците кои ги наметна кризата.

Новите околности бараат нови ефикасни решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција и да остварат подобри резултати што би го достигнале со оптимизација на работењето и носење на паметни финансиски одлуки.

Финансиската анализа претставува начин на собирање, систематизирање и користење на информациите од финансиски карактер со цел да се оцени тековната состојба на компанијата, темпото и правецот на развој, достапни извори на средства, како и можност за нивно користење.

Имајќи го сево ова во предвид, финансиската анализа треба да обезбеди сé што е потребно за да се донесе одлука, независно за кој сектор станува збор. Сите менаџери, сопственици, потенцијални инвеститори бараат специфични одговори кои се поврзани со работењето на компанијата. Значаен дел од тие одговори се наоѓаат во правилната примена и читање на финансиските извештаи.

Семинарот овозможува запознавање со алатките, техниките и постапките кои се користат за изготвување на финансиските извештаи, начините на предвидување на последиците од одлуките и нивното влијание на финансиското здравје и деловната успешност на компанијата.

Добијте консултантски препораки од практичар кој помогнал во унапредување на работењето на бројни регионални компании кои директно можете да ги имплементирате во работењето и да ги пренесете на другите сектори во Вашата компанија.

Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:

  • Сопственици на бизниси
  • Раководители и менаџери
  • Финансиски директори и менаџери
  • Специјалисти за контролинг, планери, аналитичари, инвеститори
  • Сите оние кои се занимаваат со проценка на бонитет (финансии, продажба, набавка…)
  • Сите оние кои сакаат да научат како да ја мерат успешноста на компанијата

На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:

Теоретски дел

  • Разбирање на основните финансиски извештаи
  • Анализа на структурата на билансот како појдовна точка на финансиската анализа – биланс на состојба, биланс на успех, биланс на готовински тек, белешки од финансиските извештаи
  • На кои прашања сакаме да добиеме одговор со помош на финансиската анализа?
  • Кога ќе ги добиеме одговорите за што ги користиме?
  • Методи на финансиска анализа
  • Хоризонтална и вертикална анализа
  • Графичка анализа
  • Анализа на финансиската сигурност и стабилност на компанијата
  • Анализа на изворите на финансирање, употреба на финансиска потпора во работењето
  • Анализа на работните активности или ефикасности со управување со средствата
  • Анализа на односот на профитабилноста (рентабилноста) на работењето
  • Користење на анализа на резултати за предвидување на наплата на побарување и предвиден ризик

Вежби

  • Реални примери за биланси – биланс на состојба, биланс на успех, биланс на готовински тек. Идентификување на основните елементи на финансиските извештаи со цел запознавање со основните билансни позиции и можност за нивно толкување.
  • Хоризонтална и вертикална анализа на финансиски извештаи преку конкретни примери со цел да се идентификуваат основните трендови и структури. Анализа со помош на апсолутни и релативни броеви, како и визуелна анализа со помош на графички приказ. Овозможување на идентификација на клучните елементи и нивно следење со текот на времето со цел да се идентификуваат промените и нивните последици врз резултатите.
  • Пресметка на коефициентите на ликвидност и солвентност со цел укажување на позиции кои влијаат на исправноста на пресметката како и можни начини на толкување. Врз основа на добиените резултати, се врши толкување на поимот обртен капитал и негово влијание на ликвидноста на работењето на компанијата а како последица на тоа се добиваат парични текови.
  • Пресметување на показатели кои се однесуваат на начини на финансиското работење и последици од различни одлуки за тоа како ја финансираме компанијата. Oбјаснување на резултатот измерен преку деловна ефикасност, односно деловен успех, што има директна последица врз пресметувањето и толкувањето на индикаторите за профитабилност. Нагласување на разликата помеѓу причините (профитабилност на бизнисот) и последиците (ликвидност на деловната активност). Интерпретација на различни параметри за мерење на деловните перформанси и профитабилноста на специфичен избран пример за финансиски извештаи.

Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:

Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.

Љубомир Јовановиќ

Љубомир Јовановиќ е еден од најпознатите балкански консултанти и бизнис говорници, експерт во областите на финансии и контролиг. Своето искуство го има стекнато како консултат на проекти за организациони трансформации, финансиски анализи на работење и воспоставување на системи за мерење и известување, дијагноза на финансиска и организациска состојба, финансиска анализа на работење, организациско реконструирање, воспоставување на систем на контролинг, воведување на систем на надградување, изработна на бизнис планови во компании од различни големини и дејности на светско ниво и како предавач на повеќе од 500 обуки и семинари.  Неговите консултански услуги се дел од успешната приказна на Атлантиг Груп – Белград, Апатинска Пивара, Карлсберг, Добро јутро – Ужице, Дунав Осигурање – Белград, Фриком, Фрувита, Газпром – Нови сад, Хемел, Хемофарм, Фарманова, Телеком Републике Српске, Јамница – Загреб, Конзум Загреб, ПИК Врбовец, Мелмакс, Зегин, Кит-Го, Атлантик Груп Скопје и многу други.

ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА

Датум на одржување: 11 и 12 јули 2023

Време: 09:00 -13:00 часот

Тренер: Љубомир Јовановиќ

Обуката се изведува онлајн на српски јазик

Цена за 1+1: 9.490 ДЕН. + ДДВ

Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.

За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 071 227 075 или [email protected]

На наште настани имаат учествувано некои од најуспешните компании од Европа, САД и Канада

Пријавете се