Напредна практична онлајн бизнис обука

НАЈЕФИКАСНИ ПРОДАЖНИ ТЕХНИКИ ЗА 2021

со еден од водечките европски тренери Марио Кривокапиќ

Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатата година одржавме стотина онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како:  Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley

Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека образованието е премногу важно за да биде запоставено! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат во училница и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.

ONLINE ОБУКА

20 мај 2021
9-16:00 часот

* се добива Сертификат

* се добива електронска презентација од обуката

 АКЦИЈА 1+1 ЗА САМО 7,990 ДЕН. + ДДВ

Новите околности бараат нови решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција или да остварат индивидуални резултати со примена на неколку едноставни техники.

Унапредување на резултатите во услови на криза е возможнo!

Над 3000+ учесници на вебинарите на Smart Events International од Европа, Канада и САД во изминативе месеци го докажаа тоа

Одвојте од Вашето време и “украдете” идеја за како брзо да се справите со предизвиците во продажбата кои ги наметна кризата

Во светот на продажбата често пати одлуката за склучување на договорот не ја носи само едно лице туку имаме систем од повеќе одлучувачи. Пронаоѓањето на клучните луѓе кои играат улога во процесот на купување не е лесно како што звучи, а доведувањето на сите во консензус е уште посложен процес.

Од суштинско значење во продажниот циклус е да бидат вклучени сите засегнати страни што е можно порано во процесот на одлучување. Пронаоѓањето и  воспоставување на контакт со сите оние кои се вклучени во донесување на конечна одлука е сложен процес и за да биде успешен потребно е навремено да се искористат сите продажни алатки за да се добие успешен резултат.

Дали Вашиот продажен тим има стратегија на продажба кога одлуката се носи од повеќе одговорни лица? Колку контакти вклучувате во секој продажен процес?  Дознајте како најлесно да ја мапирате групата на одлучувачи, да им пристапите и кои техники на продажба се потребни кај ваков систем на одлучување.

Дознајте што е ‘sales funnel’, како се дефинира и управува со него за да ја зголеми Вашата продажба. Кои се вашите пропусти и причини за неуспешна продажба и истите да се надминат.

Најтешкиот дел од секоја продажба е затварањето. Знаете дека имате добар производ, нудите добри услови но сепак продажбата не е затворена. Дознајте кои техники на затварање на продажбата ќе се најефикасни во 2021г.

На овој тренинг ќе стекнете напредни продажни вештини преку конкретни насоки за правилно таргетирање на луѓето кои одлучуваат во процесот на затварање на продажбата, надградување на знаењата со тактики кои го олеснуваат процесот на продажба, начини на зголемување на бројот на нови клиенти, како и практични алатки за надминување на пречките и проблемите во продажниот процес и успешно затварање на продажбата дури и во време на криза.

Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:

  • Директори на продажба
  • Менаџери на продажба
  • Account и Key Account менаџери
  • Референти на продажба
  • Сите вработени кои на било кој начин се вклучени во процесот на продажба
  • Талентирани и перспективни менаџери на кои компанијата долгорочно смета

На обуката ќе бидат одговорени и обработени повеќе прашања од оваа проблематика:

Мапирање на лицата одговорни за донесување на одлука за затварање на продажбата

  • Кои се сите одговорни лица за донесување на одлуки во комплексната продажба
  • Како да се стигне до нив
  • Како да се воспостави комуникација со секој поединечно
  • Како да ги предизвикаме да донесат позитивна одлука

Дизајнирање на ‘sales funnel’

  • Како мора да изгледа ‘sales funnel’ или во превод продажната инка во 2021г.
  • Стилови на продажба во 2021г.
  • Како да водите таканаречен ‘discovery call’

Најефикасни продажни техники на затварање на продажбата

  • Врамување 101
  • Практични примери за најдобри начини за затварање на продажбата
  • Затварање на продажбата со користење на фразата „испратете ми повеќе информации на…“

Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:

Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.

Марио Кривокапиќ

Марио Кривокапиќ е еден од водечките европски ментори и бизнис говорници за продажба . Има 20 годишно работно искуство на раководни позиции во Европа (Србија, Босна и Херцеговина, Холандија), Америка и Канада. Воедно е Сертифициран тренер за Erickson & PCM, NLP практичар и активен консултант и тренер кој има одржано преку 500 обуки за најводечките компании за бизнис едукација во Германија, Латвија и Србија. Има гостувано како говорник на настани за networking  одржани преку WAN-IFRA – World Association of News Publishers за Европа, Азија, Америка и Африка. Благодарение на неговите консултански услуги имаме успешни приказни на Human Interaction Company – Хрватска, Campster – Србија, Simple Task – Америка, ICT Hub Startups – Србија (преку 100 консултации за нивните клиенти), Startup Wise Guys (преку 100 обуки за нивните клиенти) и многу други.

ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА

Датум на одржување: четврток, 20 мај 2021

Време: 09:00 -16:00 часот

Тренер: Марио Кривокапиќ

Обуката се изведува онлајн на српски јазик

 Редовна цена: 7,990 ДЕН. + ДДВ

Искористете ја Акцијата 1+1 гратис

Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.

За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 071 227 075 или [email protected]

На наште настани имаат учествувано некои од најуспешните компании од Европа, САД и Канада

Пријавете се