02 3060377

071 227 075

Ниеден Менаџер за Финансии не може да биде вистински компетентен и да донесува финансиски одлуки во интерес на компанијата доколку не ги разбира финансиските импликации врз и од другите области од бизнисот

За успешна кариера како Финансиски Менаџер, не е доволно само да се познаваат финансиските и сметководстверните правила, туку и и да се носат правилни одлуки за краткорочната или долгорочната ликвидност, рентабилност и профит.

Од друга страна ниеден Менаџер од било која област или ниво, не може да биде комплетно компетентен во својата област, доколку целосно не ги разбира финансиските импликации на своите одлуки.

Во денешно време, кога речиси секоја корпоративна одлука зависи од финансиските импликации – неопходно е да се имаат ПРАКТИЧНИ ЗНАЕЊА ОД ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ.

Smart Events International – домашен тренинг центар кој функционира во 40+ градови во Европа, САД и Канада и

Љубомир Јовановиќ – водечки балкански финансиски експерт

ве покануваат на оваа 1-дневна, сертифицирана, практична обука, неопходна за секој менаџер и секој кој сака да напредува кон менаџмент позиции

ПРАКТИЧЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Направете нешто за себе, својот успех и својата кариера – пријавете се за оваа обука!

Еден ден може да замени години искуство и учење од сопствени грешки.

  • 29 октомври 2025

  • 9:00 ~ 16:00

  • Парк Хотел & Спа

Котизација: 10.900 ден.

+ДДВ 18%

АКЦИЈА 2 + 1

За две резервирани котизации една гратис

Во котизацијата е вклучено:

Учество

Работни материјали

Сертификат

Ручек и освежување

Новите околности бараат нови решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција или да остварат индивидуални резултати со примена на неколку едноставни техники.

Разбирање на финансиите е од витално значење за секој менаџер и лидер без разлика на кое ниво од организацијата припаѓа. Доколку ги поседувате овие вештини ќе можете да донесете паметни одлуки, да го анализирате и оптимизирате финансиското здравје  на компанијата, ефективно да ги распоредувате ресурсите, да ги идентификувате инвестициските и деловните можности и да го разберете влијанието на одлуките врз вашата крајна цел.

Дизајнирана од еден од водечките финансиски консултанти и тренери на Балканот оваа обука ќе ги демистифицира финансиите и ќе ви даде финансиски алатки за подобро донесување одлуки. Исто така, ќе ви овозможи поефективно и посигурно да комуницирате за финансиските прашања, без разлика дали е тоа одделот за финансии во вашата компанија или со надворешни инвеститори.

 Теми кои ќе бидат обработени на обуката:

  • Вовед во сметководство и финансии
  • Финансиско и менаџерско сметководство (контролинг)
  • Сметководство или биланс на состојба
  • Биланс на состојба
  • Средства – имот: основни, тековни
  • Финансирање на бизнисот
  • Обврски: краткорочни, долгорочни
  • Биланс на успех
  • Принцип на временско разграничување
  • Биланс на готовински текови
  • Амортизација и методи за пресметување на амортизација
  • Методи на водење на залихи (FIFO, LIFO, просечна цена) и последиците од избраниот метод
  • Управување со обртниот капитал (Working Capital Management)
  • Оперативен циклус на готовина
  • Финансиски показатели
  • Видови на трошоци: фиксни, варијабилни, мешани
  • Анализа на рентабилност, криви на рентабилност
  • Праг на рентабилност (CVP – Cost Volume Profit анализа)
  • Финансиско планирање и припрема на оперативниот буџет

Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:

  • Топ менаџери, особено нефинансиски менаџери кои треба да ги разберат основите на финансиските принципи и известување
  • Менаџери кои сакаат да научат како да ги мерат резултатите од деловните одлуки
  • Сопственици на компании кои донесуваат деловни одлуки кои директно или индиректно влијаат на долгорочната или краткорочната ликвидност на работењето на компанијата
  • Бизнисмени кои одлучуваат да соработуваат со одредени партнери и сакаат да ја зголемат веројатноста за донесување правилна одлука
  • Сите кои сакаат да се подготват за поодговорни позиции со тоа што ќе добијат увид во целокупните финансии и ќе ја забележат разликата помеѓу финансии, контрола и сметководство

Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:

Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.

Љубомир Јовановиќ

Љубомир Јовановиќ е еден од најпознатите балкански консултанти и бизнис говорници, експерт во областите на финансии и контролиг. Своето искуство го има стекнато како консултат на проекти за организациони трансформации, финансиски анализи на работење и воспоставување на системи за мерење и известување, дијагноза на финансиска и организациска состојба, финансиска анализа на работење, организациско реконструирање, воспоставување на систем на контролинг, воведување на систем на надградување, изработна на бизнис планови во компании од различни големини и дејности на светско ниво и како предавач на повеќе од 500 обуки и семинари.  Неговите консултански услуги се дел од успешната приказна на Атлантиг Груп – Белград, Апатинска Пивара, Карлсберг, Добро јутро – Ужице, Дунав Осигурање – Белград, Фриком, Фрувита, Газпром – Нови сад, Хемел, Хемофарм, Фарманова, Телеком Републике Српске, Јамница – Загреб, Конзум Загреб, ПИК Врбовец, Мелмакс, Зегин, Кит-Го, Атлантик Груп Скопје и многу други.

На наште настани имаат учествувано некои од најуспешните компании од Европа, САД и Канада

Пријавете се