Практична бизнис обука
„Напредни продажни и преговарачки вештини“
со еден од водечките балкански тренери Миљан Димитријевиќ
Сите ние од Smart Events International сме горди што во изминатата година одржавме преку стотина онлајн обуки на кои присуствуваа учесници од водечки светски компании и организации од Европа, САД и Канада како: Google, CERN, World Health Organisation, World Trade Organisation, PWC, Ernst & Young, Royal Bank of Canada, Barclays Bank, McGill University, Shoppers Drugmart, Roche, Novartis, Nestle, Swarovski, IBM, Amazon, UBS, P&G, Unilever, Kelloggs, United Nations, Wrigley…
Тоа што ние и нашите учесници заклучивме е дека континуираното усовршување е премногу важно за да биде запоставувано! Ова особено важи во услови на глобална криза кога повеќето правила на пазарот се менуваат, а на сите вработени им се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат во училница и со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери и индустрии.
Во светот на продажбата, успехот не е случаен!
Новите околности бараат нови решенија, и јасно е дека само оние кои најбрзо ќе ги пронајдат ќе успеат да ја задржат пазарната позиција или да остварат индивидуални резултати со примена на неколку едноставни техники.
Современиот пристап во продажбата подразбира стратешки пристап во работата со клучните купувачи. Перспективата е пред оние кои ќе изградат што поквалитетни односи со своите клучни клиенти и купувачи и управување со тие односи за навремено и јасно препознавање на нивните потреби.
На овој тренинг преку теорија и практични вежби учесниците ќе се запознаат со начини на унапредување на продажните резултати, ќе добијат конкретни продажни алатки и ќе ги запознаат потенцијалите за идно унапредување на продажбата. Ќе добиете насоки во кој правец би требало да ги развивате своите знаења, вештини и севкупните продажни компетенции со цел да успеете да се изборите за најдоброто место на овој динамичен пазар.
Правилниот однос кон клучните клиенти и доброто преговарање е клуч за успех во ситуации каде пазарот е преплавен од разни производи и “непристојни” понуди кои доаѓаат од страна на конкуренцијата. Долгорочните односи со клиентите зависат од продажните и преговарачките вештини. Исто така, предизвикот за придобивање на нови клиенти во голема мера зависи од добро подготвениот и воден процес на преговарање и продажба. Во преговарачкиот процес буквално сé е важно. Добрата подготовка е половина завршена работа. Потребните насоки, тактики, алатки за постигнување на максимум од секој продажен и преговарачки процес ќе ги добиете на овој тренинг кој е од непроценлива вредност на секоја компанија.
Теми кои ќе бидат обработени на обуката:
Комуникациски продажни техники
- Усогласување на начините на комуникација
- Невербални знаци во комуникацијата
- Најчести грешки во комуникацијата кои ја намалуваат ефикасноста на слушање
Решавање на приговори
- Квантитативни разлики помеѓу приговорите
- Создавање и користење на картотеки на приговори кои помагаат во олеснување на работата
- 5 клучни чекори во решавање на приговори
Управување со клучни клиенти
- Анализа на купувачи
- Работни приоритети во продажбата со клучните клиенти
Продажни анализи
- Цена, попуст, маржа
- Паретово правило и примена на принципот 20:80
- Утврдување на профитабилноста на купувачот, на производот, на продавачот, на регионот
Преговарање
- Фактори кои влијаат на преговарањето
- Процес на преговарање
- Значење на невербалната комуникација: емоции во преговарањето
- Компромис, цврстина и флексибилност во преговарањето
Cross & Up Selling
- Како да се одобрат производи за Cross Selling?
- Како да се одберат производи за Up Selling?
- 10 правила на Cross & Up Selling
Обуката е наменета и високо препорачлива за сите:
- Директори на продажба
- Менаџери на продажба
- Key Account менаџери
- Менаџери за набавка (трговија)
- Сите вработени кои на било кој начин се вклучени во процесот на продажба и преговарање
- Талентирани и перспективни менаџери на кои компанијата долгорочно смета
Дел од листата на успешни македонски компании кои веќе ги посетиле нашите обуки:
Актон Комуникации, Asseco SЕЕ, А1, АВТ Интернационал, Агриа, АД Европа, Адора Инженеринг, Адриалаб, Алкалоид, Алумил, Алфи Би, Атва маркети. Атлантик Група, Би-мек, Биотек, Борола, Бучен козјак, Вабтек, Варус, ВВ Тиквеш, Вивакс, Винер Лајф, Вирон,Виталиа, Витаминка, Вурт Македонија, Geing Krebs und Kifer International, Гемак, Геонет, Герман ПХ, Db Schenker, Drexlmaier Manifacturing, Даталаб, Даути Комерц, Динерс клуб, Дуна Компјутери, ЕВН Македонија, Еколог Интернационал, Експанда, Елена Лука, Ендава, ЕОС Матрикс, Еуро Дистрибуција, Еуролинк Осигурување, Еуротабак, Еурофарм, Жито Лукс, Жито Маркети, Здравје Радово, Infinite Solutions, Inplayer, InTec Systems, Interworks, Империал Тобако, Инбокс, Инсиг Македонија, Инсумак, Инфософт системи, Kromberg & Schubert, КБ Прво пензиско, Кемет Електроникс, Кипер маркети, Кодинг-Горска, Кола, Колид С Тим, Колид фуд, Комерцијална банка, Комфи Ангел, Кроатија Осигурување, Линеа, Магнетик, Магнометал, Македонија лек, Македонија Осигурување, Македонијалек, Македонски Телеком, Макпетрол, Макпрогрес, Мебел Ви, Мепсо, Мермерен комбинат, МЗТ Пумпи, Млекара АД Битола, Монтенегро, Nextsense, Натусана, Нелт, Неотел, Нептун, НЛБ Банка, Нова Интернационално училиште, Нула Отпад, Окта АД Скопје, Олимпиа морторс, Охридска банка, Pickatale, Паком, Пелистерка, Перутнина Птуј, ПИК Ко, Прилепска Пиварница, Продукција Перспектива, Прототип, Re-aktiv, Реплек фарм, Рептил Маркети, Slice, Smart Click, SЕЕ University, Сава Осигурување, Свислион, Силк Роад Банка, Синапсе, Систина Офталмологија, Сити Вендинг, Солета, Специјал, Стопанска банка Скопје, ТАВ Македонија, Тинекс МТ, Триглав Осигурување, ТТК Банка, Fashion Group, Фармахем, Феникс Нова, Флуиди-М, Husse, Халк Банка, Цементарница Усје, Cevahir Sky City, Johnson Matthey, Шпаркасе Банка, Штедилница Можности и стотици мали претприемнички компании.
Миљан Димитријевиќ
Миљан Димитријевиќ е еден од најдобрите бизнис консултанти и предавачи во Србија и регионот. Професионалното искуство, знаење и компетенции ги унапредува работејќи на проекти, како сопственик но и како менаџер во мали, средни и големи домашни и интернационални компании.
Има реализирано неколку стотини отворени, in-house обуки, семинари и работилници кои во најголем процент се практично ориентирани и персонализирани според специфичните барања на клиентите, при што посебно внимание посветува на пренесување на знаење и искуство кои предходно се добиени и испробани во пракса. Постојано го унапредува своето знаење со постојана практична работа кај клиентите и со перманентна сопствена едукација.
Неговите консултански услуги се дел од успешната приказна на дел од:
- Компании од Србија: Агромаркет, Алкалоид, АВИА, АЛБО, Ерсте банка, Хемофарм, Меркатор, McDonalds, МС Мобиле, Нелт, Аванти систем и многу други
- Компании од Босна и Херцеговина: Ан-Ка, Ауто Миловановиќ, Digital city, Дукат, Фармаси, Хемел, Конзум, Микрофин Банка, Металекс, МТел, Орифлејм и многу други
- Компании од Црна Гора: Алтер Модус, ЕТЦ Група, Франка Маркети, Хемел
- Компании од Македонија: Хемел, Кит-Го, Лукена-автоделови, Мелмакс БМ, Рептил Маркети, Нептун, Сивус
- Компании од Хрватска: Агрокор, Јамница, Орифлејм, МСтарт
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА
Датуми на одржување: 16 ноември 2022
Време: 09:00 -16:00 часот
Тренер: Миљан Димитријевиќ
Обуката се изведува онлајн на српски јазик
АКЦИЈА 1+1 ЗА САМО: 9.990 ден. + ДДВ
Рок на пријавување: до пополнување на местата
Местата се ограничени. Котизациите се резервираат по правилото ‘Прв пријавен – прв услужен’.
За повеќе информации и прашања слободно контактирајте нѐ на 071 227 075 или [email protected]




